Umetnički izlog - promocije, izložbe, književne večeri Umetnost

Поетска средба „Седум градови кај Стерија“ Вршац

Тишината низ која пловеа мислите и соновите, единствено ги реметеше звукот на моторот од возилата кој доаѓаа од спротивната насока.

Погледите беа вперени во пространите Банатски низини кои се простираа во недоглед. Колкав ли труд од човечки раце беше вложен во нив?! Колку оросени чела од пот, вредно до ноќ оставаа дел од себе тука на овие плодни полиња?! Но како што велат - крајот го краси делото и плодот собран, како дар на крајот изнудува насмевка на секое лице.

И тука сме, за момент вниманието го привлекува табла со натпис – Вршац.

http://i.imgur.com/mdLZxoFl.jpg

Градска населба во Јужен Банат, еден од најстарите градови во Панонската низина кој се протега североисточно од Београд, на околу 83 км кон Романија. Град кој плени со својата убавина, стара архитектура, значајни споменици и имиња од минатото кои сеуште живеат во сегашноста. Насекаде питоми лица и топли насмевки.

Во низите од куќи, споени една со друга, кои зборуваат за топлината на меѓусоседските односи, се проткајува понекое минато кое останало запишано со големи букви во историјата на овој град.

http://i.imgur.com/bDo83CBl.jpg

Таблите со натписи на сочуваните старини остануваат да зборуваат за пребогатото минато на овој прекрасен град.

http://i.imgur.com/1jenbeJl.jpg

http://i.imgur.com/PxQpU2fl.jpg

http://i.imgur.com/soDTrcTl.jpg

Доколку оставиме за момент тишината да проговори, таа ќе има многу нешта да ни каже. Полека да се проткаеме низ неколкуте забележани мигови...

http://i.imgur.com/8Uzz2sXl.jpg

Статуа на Винко Лозиќ, боем од Вршац роден во делата на Јован Стерија Поповиќ, кој живее и ден денес во срцата на граѓаните на Вршац. Статуата е работена по ликот на глумецот Тихомир Тика Пауновиќ.

Првата апотека во Вршац

http://i.imgur.com/EXzlQ0zl.jpg

Отворена на 16 февруар 1784 година под име „Кај спасителот“ работи од своето отварање па се до 1971 година. Основач и власник бил Палеван, а потоа ја превземаат Крамер, Хелепорт, а од 1801 Антон Шилдер, Себастијан Херцог, Бела Кихлер и Александар Јовановиќ.

http://i.imgur.com/gUUkTj8l.jpg

http://i.imgur.com/yQquUbtl.jpg

http://i.imgur.com/kE2FI1tl.jpg

http://i.imgur.com/Qu0Ti9hl.jpg

http://i.imgur.com/m6vCrr9l.jpg

http://i.imgur.com/q2zDi5Ml.jpg

Од 1949 година апотеката е предадена на општествениот сектор ( како значаен споменик на културата на овој град) и денес претставува прекрасен објект со две поставки.

Во едниот дел се наоѓа историјата на здравствената култура на градот Вршац, а во другиот дел се сеќавањата на Паја Јовановиќ (Вршац 1859 – 1957 Беч), сликар, роден во фамилија на фотографи од татко Стеван Јовановиќ и мајка Ернестине, родена Деот. Најзначаен представник на уметничката сцена на српскиот реализам. Неговите дела се наоѓаат во многу европски музеи.

http://i.imgur.com/HyCxsKSl.jpg

http://i.imgur.com/CB10tdIl.jpg

Освен остатоците од медицинските помагала и сликарството на Паја Јовановиќ, во овие простории се наоѓаат уште многу ископини, кои ја прикажуваат културата на градот во минатото.

Феликс Милекер (1858-1942Вршац), работел како учител во овој град и по две години го добива водењето на градската библиотека, за да во 1894 година постане првиот кустос кој и лично е заинтересиран за собирање на старини.

Работејќи на работите на локалниот пат Стар Лудош во близината на Вршац, во април 1913 година ја пронаоѓа антропоморфната фигура од печена земја, која со време го добила името „Идол на Вршац“ 1500-1400 п.н.е. која од другите фигури се издвојува како по големината, така и по деталите на врежаните орнаменти кои претставуваат реален приказ на накит и облека.

http://i.imgur.com/B4B0aeml.jpg

Горниот дел зафрлен наназад, со раце наслонети на колковите на целата фигура и дава посебна возвишеност. На градите и на вратот е прикажан накит во вид на огрлица со многубројни привезоци. Долниот дел во облик на звонесто здолниште, асиметрично е украсен. На левиот колк, орнаментот може да се протолкува како торбица, додека на десниот како некој вид наметка или престилка. Идолот на Вршац и припаѓа на културата на брозеното време, а неговата старост се проценува на околу 3400 години.

http://i.imgur.com/Y74hXOml.jpg

На поедини Винчански предмети, а најчесто на садовите, на нивното дно се појавуваат одредени знаци. Веројатно претставуваат одредена идеја, а некои од нив нумерички знак. Всушност нивното значење е што тие се појавуваат 2000 години пред сумерското писмо, за сега најстарото и потврдено писмо на светот.

http://i.imgur.com/3aV3vFLl.jpg

Куќата со натпис ветеринарна станица е изградена во 18 век и е заштитена како значаен објек на градот.Во почетокот се користела како сврталиште. Една ноќ во неа се сместува Караѓорѓе со своите луѓе, но откако му е јавено да го напушти местото бидејќи ќе биде убиен, за да го подмири својот долг за сместување, тој остава два пиштола со сребрени рачки. Затоа , подоцна и кафеаната се нарекува „Кај двата пиштола“.

Секако интересен дел од културата на овој град е манифестацијата „Седум градови кај Стерија“.

Имено овој клуб своето име го носи по Јован Стерија Поповиќ, српски писател со висок духовен замав и голема фантазија. Писател, кој се смета за основач на српската драма. Тој е прв и еден од најдобрите комедиографи во овој крај и пошироко. Народниот театар во Вршац го носи неговото име.

http://i.imgur.com/xGgwRSWl.jpg

Секоја година манифестацијата „Седум градови кај Стерија“ во месец октомври, обединува поети од повеќе градови на Србија и држави во кои се вклучени и Културниот клуб „Калин“ од Крива Паланка, Р.Македонија и Романија. Организаторите на оваа манифестација вложуваат многу труд како би го прикажале и сочувале оригиналното културно поетско богатство.

http://i.imgur.com/V3STnzIl.jpg

Зад себе, Културниот клуб на Вршац, кои се и домаќини на оваа манифестација го имаат издадено својот зборник под името „Вршачки поетски средби“. Истиот е издаден по повод својот јубилеј – петнаесет години од своето постоење.
Во него Војислав Трумпиќ од Јагодина вели

Ви што одлазите

Ви, што одлазите
не остављајте своје срце овде,
јер ће вам тамо,
у неком граду
требати да истрајете
меѓу онима који можда немају
довољно срца да вас схвате.

Ви, што одлазите
не остављајте своју душу,
јер ће вам требати тамо негде
да разумете оне које су бездушне
и које, сем њих самих, нико не интересује.

Ви што одлазите
не остављајте овде своје руке,
оне ће вам итекако бити потребне
тамо у неком граду
да поштеним и мукотрпним радом
осигурате своју будућност.

Ви што одлазите
не остављајте овде своје успомене
јер шта је човек без успомена,
без идентитета и сећање на своје порекло.

Ви, што одлазите
ово никако не смете заборавити.

Навистина е прекрасно чувството да бидеш дел од оваа прекрасна манифестација.

Како и секогаш, се има свој почеток и крај. Така и ова прекрасно патување има свој крај, но миговите проткаени со културата и културните збиднувања на овој град длабоко остауваат во срцата на секој од нас и траат.

http://i.imgur.com/Fmj5vGtl.jpg

Сонцето полека заоѓа, ноќта го заменува денот, но тишината останува и понатаму да говори...

Оливера Станковска 2014 год.

niko650

Moderator

Ovo se deli sa prijateljima i nema cenu

Književnica Safeta Osmičić je došla na ideju i realizovala je svojom dobrotom. Putujući i družeći se na književnim večerima radjala su se mnoga prijateljstva, koja je ona kao jedna medju jednakima poželela, da kao skriveno blago docrta na mapu najtananinijih duša koje nas oplemenjuju svojim rečima.

Izabrala je 108 pesama i pesnika i pustila njhove darove da kao ptice polete svetom na krilima satkanim od ljubavi - Medjunarodna zajednička zbirka poezije "Prijateljima" je posebno izdanje "Kulture snova".

Kolaž koji je jasno prepoznatljivo delo kako kakav pečat za sve koji su imali priliku da uživaju u radovima Tatjane Kozice krasi korice ove knjige. Na njen osoben način je ispričala šta to čeka čitaoca u "Prijateljima". Putevi srca baš kao linije na dlanu su ucrtani trajno kod svakog od nas, a srce - srce je uvek pruženo na dlanu i puls jače kuca kada god se zdravimo i tada postoji samo jedan miris - miris ljubavi koja je od Boga i nepropadljiva.


Crveno, crveno, crveno
crveno je boja ljubavi...

http://i.imgur.com/ydddePQl.jpg

Ova knjiga djeli se prijateljima i nema cenu.

majra 

Site Admin