По успешно завршената обука и здобивање со уверение – сертификат за ресторанер во областа на туризмот,на сајтот Trainyourself, e-learning, би сакала да додадам неколку збора од текот на самата обука.
Обуката се изведува во три нивоа. Секое ниво е покриено со електронски доставен материјал за учење, тестови и семинарски работи, кои се прегледуваат, одобруваат и оценуваат од стручен тим.
На истиот сајт постојат и објави за работа, кои за одредени лица ќе бидат не само интересни туку и можност до работно место во областа на туризмот.
Како додаток на сево ова приложувам една лична аматерска семинарска работа, која можеби ќе му користи (во смисла на добивање одредена идеја) на некои од наредните посетители на оваа обука која продолжува и понатаму.
Тема : Понуда за кетеринг манифестација за 80 гости
Студент: ХХХХХХХХХХХХХХХХХ
Понуда за кетеринг манифестација за 80 гости
Понуда за кетеринг манифестација, 25 години брак (сребрена свадба) за 80 гости, која ќе се одржи на ден ХХХХХ година ХХХХХХ во дворното место на сопствениците од 19,30 часот.
Надзорник: ХХХХХХХХХХХ
Број на телефон: ХХХХХХХХ
Манифестацијата целосно и комплетно ќе биде организирана од страна на организаторот, вклучувајќи ја и комплетната опрема која ќе биде користена.
Сето тоа ќе биде наведено во договорот кој ќе биде склучен однапред и уредно подпишан од двете страни.
Во понудата е вклучено:
Организирање на дворно место:
- главна маса за 12 (дванаесет) гости со столови, каде се сместени и славениците
- бел чаршав за правоаголна маса од сатен,со набори од страната кои паѓа до подот, обиколон со црвена кадифена трака и украсни кадифени машни и 12(дванаесет) украсни покривки за столови
- 9 (девет) округли маси на кои се сместени по 6 ( шест) гости
- 9 (девет) бели сатенски округли чаршави, обиколени со црвени кадифени траки и украсни кадифени машни
- 54 (педесетичетири) стола
- 54 (педесетичетири) бели украсни покривки за столови
- 6 ( шест) маси на кои се сместени по 4 (четири) гости
- 6 (шест) бели сатенски округли чаршави, обиколени со црвени кадифени траки и украсни кадифени машни
- 24 (дваесетичетири) бели украсни покривки за столови
- 1 ( една) дополнителна маса со комплетна опрема (резервна маса) за 6 ( шест) гости
- 1 (една) маса за потребите на музиката со комплетна опрема( во зависност од бројот на членовите на бендот)
- дополнително осветлување на дворното место со дополнителни светла
- дополнително украсување на дворното место(доколку тоа е потребно) со цветни жардинери
- украсување на масите со икебани или украси по желба на славениците
- украсување на дворот со украсни предмети ( се прифаќа желбата на побарувачот на понудата)
- видео бим
Организирање на дополнителни активности:
Организирање на потребен персонал за служење и надгледување
- 1 надзорник
- 5 келнери
- 2 помошника
Манифестацијата започнува во 19,30 часот.
Надзорникот ги пречекува гостите, организира нивно сместување по масите ( по однапред добиен список од сопствениците).
Келнерите послужуваат салата и пијалок.
Во 20, 30 часот се служи предјадење.
Специјалниот гостин на манифестацијата изведува своја програма.
Се отвара шампајн, при што славениците примаат честитки од своите гости.
Во 22,00 часот се служи вечера.
Музиката прави пауза, а во меѓувреме се пушта тивка музика за време на вечерата.
Се служи овошје.
По завршување на вечерата се проследува претходно подготвено видео, на голем видео бим, поставен на соодветно место од каде можат да го следат сите гости.
Се служи десерт, овошје и кафе.
Манифестацијата завршува во 24,00 часот ( доколку не бидат договорени други услови, понудени од сопственикот и прифатени од организаторот).
Организаторот е должен да обезбеди место и потребна опрема за подготвување на храната, при тоа се да биде според прописите кои се наведени во законот за обезбедување на кетеринг, да се задржи квалитет на храната и услугата.
Секоја промена од понудата претходно ќе биде прецизирана и наведена во договорот или во анекс договор кои ќе биде склучен накнадно.
Организаторот е должен по завршувањето на манифестацијата да ја повлече комплетната опрема и да го остави местото во првичната состојба.
Секое дополнителна желба од страна на славениците може да биде разгледана, прифатена и внесена во договорот.
Со почит, во надеж за успешно реализиран договор!
Место и дата, име на организацијата за кетеринг услуги,печат и потпис
Да се организира кетеринг манифестације, не е само да се достави понуда.
Потребно е организаторот комплетно да навлезе во проблематиката.
Да се запознае со поединости, како структура на гости, возраст, пол и донекаде нивните вкусови кое ќе послужи во натамошниот тек на организацијата.
Посебно треба да се обрне внимание на вкусовите во исхраната, дали гостите конзумираат одреден вид на храна, како и вкусот при изборот на музика.
Со тоа би се постигнал максимумот во успешно организирана вечер, како и добра реклама за понатаму.

Секое ново знаење со кое се здобиваме претставува една скала угоре кон успехот во нашиот живот.