Може да се занесеш во танцот,
можеби во срцето не се стопил мразот,
но може и секој ден чуда да твориш,
во тебе огнот на животот гори.
Некој сака во мигот на среќа
да изгори занесен,
друг пак, помудар
на потомството сака знаење да му пренесе.
Но деновите ги губи оној
чиј бес гледа во црниот мрак
и оној што е исполнет со јад
не ќе го сознае животниот зрак.

Судбината на тој што сака најчесто е таква, што тој не може саканата личност да ја има единствено за себе. Но човек може да господари и со таква судбина, ако на саканата личност не и ги подари сета страст и внимание за кои е способна неговата љубов, ако се посвети и на други цели – на работата, општествените обврски, уметноста. Така љубовта нема да се троши залудно и ќе има смисла.
Пламенот кој гори во нашите срца не ни припаѓа единствено нам, тој му припаѓа на целото човештво и една тага ќе се претвори во радост, ако биде насочена правилно.
Не е среќа да се биде сакан. Секој се сака себеси, но да се сака друг, тоа е среќа!
„Среќен е тој што умее да сака“ – Херман Хесе