Посна баклава за Св.Никола
За вкусната баклава потребно ни е:
- ½ кгр кори за баклава
- сецкани ораси
- мелени ораси
- масло за јадење
За сирупот е потребно:
- 1,5 л вода и
- 1,5 кгр шеќер
Земаме кора. Ја попрскуваме со масло за јадење, посипуваме со сецкани и мелени ораси. Ја поставуваме втората кора одозгора и ја повторуваме постапката(вкупно три кори една врз друга).
Корите приготвени на овој начин ги мотаме во ролна и ги редиме во подмачкан плех една до друга. Ги засекуваме ролните на парчиња, но не до крај.

Одозгора повторно попрскуваме малку масло за јадење и го ставаме плехот во загреана рерна на 220 степени, постепено да се пече. Времето на печење е во зависност од јачината на рерната, затоа можеме да сметаме дека баклавата е печена откако корите ке добијат малку румена боја.
Настрана во 1,5л вода додаваме 1,5 кгр шеќер. Сирупот го вариме 20 минути. Пред крајот додаваме сок од 2 лимона или 1 мала лажичка лимонтус ( количината на лимонот или лимонтосот ја одредуваме според вкусот).
Парчињата од печената баклава ги засекуваме до крај. Попаруваме одозгора со врелиот сируп (сирупот топол – печената баклава ладна).
Во меѓувреме парчињата баклава ги превртуваме и на другата страна, се разбира доколку сакаме таа да биде помека.
Баклавата е многу повкусна доколку одстои барем еден до два дена.

...

