Село Лесново и Лесновски Манасти
Селото Лесново спаѓа во настарите села во Р.Македонија. Се простира во Североисточниот дел од Македонија, на Југозападната страна од Осоговските планини, во изгаснат вулкански кратер – Лесновскиот кратер, каде се наоѓа и Лесновскиот манастир.
Селото Лесново е оддалечено 15км од градот Пробиштип, а има и добра патна поврзаност со главниот град на Р. Македонија – Скопје (123 км).
Лесново има мошне пријатна клима, на границата на умереноконтинентална и планинска, односно свежи лета и благи зими. Поради чистиот планински воздух можеме слободно да кажеме дека претставува природна воздушна бања и поволно влијае кај здравјето на лугето.
Низ Лесново тече Лесновската река и го дели селото на два дела. Во негова близина се наоѓа и Злетовската река која се одликува со чиста, бистра планинска вода.
Името на селото Лесново потекнува од зборот лес, што значи шума. Во него постоело едно од најстарите училишта во Македонија, кое е основано во 11 век.
Туристите, посебно странските гости се секогаш задоволни од понудата во селото, од прекрасните пити и погачи под вршник, како и од прекрасните рачни ракотворби.
Во последно време Лесново се почесто е посетено од планинарите, кои доаѓаат да уживаат во убавините на овој дел од Осоговските планини, на високите врвови покриени со густи шуми, клисурести делови и водопади. Во овој крај успеваат специфични растенија како: даб, габер, јасен и др.
Во непосредна близина на селото Лесново се наоѓаат Пештерите во Лесновскиот кратер, кои се производ на човечка рака и се навистина интересни и привлекуваат големо внимание на посетителите. Во минатото секоја пештера била сопственост на некоја фамилија.
Лесновскиот Манастир или Манастирот на Св. Гаврил Лесновски е еден од најубавите и најзначајните споменици од кутурата. Изграден е во 1341 год.
Според усните и писмените кажувања во 11 век во овој манастир живееле четворица големи испосници, светители, духовни браќа: Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски. Тие живееле скоро 30 години во пост, молитва и живот во пештера во Лесновската гора. Кога достигнале духовна зрелост, тие заминуваат од тука. Само Гаврил останува во Лесново и го подига Лесновскиот манастир.
Постои едно верување помеѓу луѓето дека Св. Гаврил Лесновски го штити селото и народот во него и дека неговиот дух се појавува секоја година. Затоа и сметаат дека овој простор е библиски.
Најголема посетеност има на 21 (дваесетипрви) септември и на 28 (дваесетиосми) јануар.
Иконостасот, како и фреските во овој манастир имаат посебна вредност и убавина.
Овој манастир е населен од монаси, кои одгледуваат добиток, работат лозја и ниви. Позната е Лесновската урда која се произведува токму овде од квалитетно млеко.
Селото Лесново и Лесновскиот манастир имаат долгогодишна традиција. Тие се ретки вредности кои заслужуваат да се откријат и посетат од сите љубители на една ваква вековна убавина и култура.













