Вејн В.Дајер, писател и предавач ни нуди книга што не поттикнува на размислување. Тајните и успехот на внатрешниот мир може да ги примениме на почетокот на патот, пред крајот, како и на било која друга животна станица. Тој не советува тајните да ги прочитаме со отворено срце, бидејќи само тогаш можеме да дојдеме до вистинскиот успех. Само тогаш ќе можеме да го почувствуваме Божјиот мир.
Не барајте повод за лутење
Кога сте под вообичаеното ниво на свесност или на вообичаеното ниво на свесноста, многу време поминувате во барање на повод за лутење. Ако сакате да се лутите, се ќе дојде добро: телевизиските вести, слабеењето, економијата, непристојниот странец, лошиот моден совет, нечии пцости, кивање, каков да било облак, одсуството на облаци. На дополнителниот пат нема да најдете никој што е преокупиран со такви бесмислици.
Не дозволувајте некој или нешто да ве налути. Ако не одобрувате нешто, секако кажете го тоа што го имате на срце. Но прекинете го тоа чувство ако можете и заборавете го. Со многу луѓе управува егото и тие имаат потреба да биде по нивно. Кога ќе слушнете несоодветни зборови, или кога знаете дека некој греши, заборавете дека морате да имате право и речете му„имаш право“. Овие зборови ќе го спречат можниот судир, а вас ќе ве ослободат од лутината. Сакате да бидете мирни, а не да имате право, да бидете повредени, бесни или огорчени. Ако верувате доволно во сопствените ставови, туѓите ставови и постапки не можат да ве налутат.
Да не се налутите, тоа е како да речете „Можам да управувам со своите чувства и ќе бидам спокое без оглед на тоа што се случува“. Кога се лутите, тогаш осудувате. Судите за некој дека е глупав, бесчувствителен или лекомислен и се нервирате поради неговите постапки. Но можеби не сваќате дека со осудувањето не зборувате за други туку за себе, како за некој што има потреба да ги осудува другите.
Како што никој не може со своите осуди да одреди какви сте вие, така ни вие немате повластица да ги осудувате другите. Кога ќе престанете да осудувате и ќе станете набљудувач, ќе го запознаете внатрешниот мир за кој зборувам. Со мирот ќе исчезне негативната енергија на огорченоста и ќе бидете задоволни.
Дополнителната погодност се состои во тоа дека многу повеќе ќе ги привлекувате луѓето. Спокојниот човек привлекува спокојна енергија. Нема да го спознаете Бога ако не сте спокојни, зошто Бог е спокојство.
Додека сте преокупирани со лутина, огорченоста буквално го брка Бога од вашиот живот. Да не се лутите, тоа значи да ги отстраните сите варијанти на следната реченица од списокот на можни мисли: „ Кога барем би бил како мене, сега не бис е нервирал“. Такви сте, какви што сте, а така е и со другите околу вас. Најверојатно е дека тие никогаш нема да можат да бидат сосем исти како вас. Затоа не очекувајте од другите да станат тоа што сте им го одредиле. Тоа нема да се случи никогаш.
Вашето его е тоа што бара светот и сите луѓе во него да бидат такви какви што ги замислувате. Вашето духовно јас ќе ја прифати единствено состојбата на спокој. Тоа го гледа светот онаков каков што е, а не онаков каков што светот би сакал да биде. Кога на омразата кон себе одговарате со омраза, станувате дел од проблемот, место дел од неговото решение: љубовта! Во љубовта нема замерување туку само проштевање. Љубовта и проштевањето ќе ве вдахнат да работите на она „за“ што сте, место на она „против“ што сте. Ако им се спротивставувате на насилството и омразата, ќе се борите против нив со сопствен вид насилство и омраза. Ако сте за љубов и мир, ќе ги доведете тие енергии во присутноста на насилството и на крајот ќе ја распрснете омразата.
Последен збор за проштевањето и замерувањето
...Сетете се на секој човек што ве повредил, што ве изиграл, што ве измамил или што зборувал лошо за вас. Тие искуства се само мисли што ги носите со себе. Огорченоста, бесот, омразата се бавни, умртвувачки енергии што ви ја одземаат силата. Кога ќе се ослободите од нив, тогаш ќе го најдете мирот.
Проштевајте од две причини:
Првата е поради тоа што сакате да им покажете на другите дека веќе не сакате непријателски однос со нив. Втората е да се ослободите од поразувачката енергија на огорченоста. Таа е како отров што влегува во нашиот систем и предизвикува штета и долго време по каснувањето на змијата. Не убива каснувањето, туку отровот. Со решението дека веќе нема да бидете огорчени, ќе го отстраните отровот. На оние што би направиле зло, некако дајте им љубов и ќе се чувствувате подобро и поспокојно.
Кога му простив на татко ми, со кој не разговарав и не се гледав мојот живот се измени. Од обичното, преминав на нивото на висока свесност и постигнав поголем успех отколку што некогаш сум се осмелил да се надевам.
Замерувањето не може да се оправда ако сакате да тргнете по дополнителниот пат и при секој чекор да уживате во внатрешниот мир и во успехот.

Извадок од книгата: „Тајните на успехот и внатрешниот мир“ – Вејн. В.Дајер