Posao i zaposljavanje - trazenje i nalazenje Posao

Бизнис проекти - помош при самовработување

Воспоставување на бизниси во мултиетнички средини

Овој проект почна да се реализира од месец јуни 2014 година, а ќе трае се до месец април 2016 година. Го опфаќа полошкиот и североисточниот регион од Р.Македонија.

Проектот „Воспоставување на бизниси во мултиетнички средини“ е двогодишен проект кој е фокусиран на подршка на нови бизниси во сопственост на млади и жени од руралните мултиетнички средини во Р.Македонија, бидејќи процентот на вработеност токму кај оваа група на граѓани е многу ниска. Во овој случај би можело, преку самовработување да се дојде до одредена заработувачка. Овој проект ќе им биде од голема помош на сите оние невработени лица од руралните средини кои имаат идеја за сопствен бизнис, или веќе се занимаваат со одредена дејност која им носи некаков приход.

http://i.imgur.com/6BSEpMLl.jpg

Овој проект освен самовработување ни нуди и создавање на деловни пртнерства и поврзување со локалниот и националниот пазар.

http://i.imgur.com/4iPqxHrl.jpg

Во текот на реализација на овој проект, ќе бидат обезбедени обуки и работилници за формирање на бизнис план и менторство, како и понуда од правна помош при регистрација на фирмата и започнувањето на новиот бизнис. Тој ќе понуди и доделување на мали грантови, кои ќе бидат од голема помош за започнување на бизнис идеите.

http://i.imgur.com/b7gWh6Kl.jpg

За време на неговата реализација ќе бидат организирани и бизнис средби, како и презентации на постоечки мерки и фондови за подршка. Ќе биде изготвен и прирачник за подобро искористување на мерките за самовработување.

http://i.imgur.com/kIMSkBFl.jpg

Проектот е подржан преку Британската амбасада во Скопје, а истиот го спроведува (Strategic Development Consulting) Консалтинг за стратешки развој - проектна канцеларија Скопје, Р. Македонија.

niko650

Moderator