Neki se covek stalno osecao pritisnut tegobama svakodnevnog zivota, pa se pozalio duhovnom ucitelju:
"Ne mogu vise! Zivot mi je postao nepodnosljiv!"
Ucitelj uze malo pepela medju prste i uspe ga u casu vode. Dok se pepeo mesao sa vodom, rece:
"Ovo su tvoje tegobe. Voda je upila pepeo i brzo potamnela."
Ucitelj potom ponovno uze istu meru pepela i kroz prozor ga prosu u obliznje more. Dok je padao, pepeo je leprsao i rasuo se, ne ostavivsi u moru nikakvog traga.
"Vidis li?", upita ucitelj svog zacudjenog ucenika.
"Svakoga dana mozes odluciti hoces li biti casa vode ili more!!!"
Subhuti bijaše Buddhin učenik. Bio je u stanju shvatiti moć praznine, gledište da ništa ne postoji, nego da je stvar nečije subjektivnosti ili objektivnosti.
Jednog je dana Subhuti, u duhovnom stanju apsolutne praznine, sjedio pod nekim stablom. Odjednom, posvuda oko njega počne padati cvijeće.
- Hvalimo te zbog tvojeg govora o praznini, šaputahu mu bogovi.
- Ali ja nisam govorio o praznini, reče Subhuti.
- Ti nisi govorio o praznini, mi nismo čuli prazninu - odgovoriše bogovi. To je istinska praznina.
I pupoljci se po njemu slijevahu poput kiše.
Еден ден на еден император му паднало на памет дека само ако ги знае одговорите на следните три прашања, нема да погреши што и да работи:
- Кое е вистинското време да се направи нешто?
- Кои се најважните луѓе?
- Која е најважната работа?
Императорот објавил декрет ширум неговото кралство, дека оној кој ќе може да одговори на овие прашања, ќе добие голема награда. Многумина го прочитале декретот, тргнале кон палатата, секој со различен одговор на прашањата.
Како одговор на првото прашање, еден човек го советувал императорот да направи временска табела, посветувајќи го секој час, ден, месец и година на одредена задача и потоа точно да се придржува до табелата. Само така тој би можел да ја заврши секоја задача во вистинското време.
Друг човек одговорил дека е невозможно однапред да се планира и дека императорот би требало да ги тргне сите неважни работи на страна и постојано да посветува внимание на се, како би знаел што кога да направи.
Некој друг инсистирал дека, според него, императорот никогаш не може да се надева дека може да има се во предвид, вклучувајќи ја и неопходната компетентност кога да се направи некоја работа и дека она што навистина е неопходно е да се собере советот на мудрите и да се делува според нивниот совет.
Некој трет пак, рекол дека одредени работи бараат експресна одлука и дека не можат да чекаат за консултации и ако императорот сака однапред да знае што ќе се случи, треба да се консултира со магеоничари и гатачи.
И во однос на второто прашање, исто така не била постигната согласност. Еден човек рекол дека императорот треба да ја даде целата своја доверба на администраторите, некој друг рекол дека императорот треба да се потпре на свештениците и монасите, додека други луѓе ги препорачувале лекарите.
И третото прашање предизвикало разновидност на одговори. Некој рекол дека науката е најважното занимање. Друг го тврдел истото за религијата. Имало и луѓе кои тврделе дека најважната работа се воените вештини.
Императорот не бил задоволен со ниту еден одговор, па наградата не била доделена.
После неколку ноќи размислување, императорот решил да го посети испосникот кој живеел на планината и за кој се велело дека е просветлен човек. Императорот посакал да се сретне со испосникот за да го замоли да му ги одговори трите прашања, иако знаел дека испосникот никогаш не ја напуштил планината и дека бил познат по тоа што ги примал само сиромашните, одбивајќи да има нешто заедничко со богатите и моќните луѓе. Затоа императорот се преправил како сиромашен селанец и им наредил на неговите чувари да го чекаат во подножјето на планината, додека тој сам се искачувал кон испосникот.
Кога го пронашол живеалиштето на светиот човек, императорот го нашол испосникот како ја копа градината пред неговата колиба. Кога испосникот го видел непознатиот човек климнал со главата во знак на поздрав и продолжил да копа. Било очигледно дека работата му е многу тешка. Тој бил стар човек и тешко издишувал секојпат кога замавнувал со мотиката во земјата.
Императорот му се приближил и рекол:
„Дојдов тука да те замолам да ми помогнеш да одговорам на моите три прашања. Кое е вистинското време да се направи нешто? Кои се најважните луѓе? Која е најважната работа?“
Испосникот внимателно го ислушал императорот, го потапкал по рамото и продолжил да копа. Императорот рекол:
„Мора да си уморен. Еве ќе ти помогнам во копањето“.
Мудрецот му се заблагодарил, му ја дал мотиката и седнал на земја да се одмори. Откако ископал два реда, императорот сопрел, се свртел кон испосникот и му ги повторил трите прашања. Испосникот сеуште не му одговорал, наместо тоа покажал кон мотиката и рекол:
„Зошто не се одмориш сега? Јас можам да продолжам понатаму.“
Но императорот продолжил да копа. Поминал еден час, па уште еден. Сонцето почнало да заоѓа позади планината. Императорот ја оставил мотиката и му рекол на испосникот:
„ Дојдов овде да те замолам да ми одговориш на трите прашања. Но ако не можеш да ми дадеш некаков одговор, те молам кажи ми, за да можам да се вратам назад.“
Испосникот ја подигнал главата и рекол:
„ Дали слушаш како некој трча таму?“
Императорот се свртел. И двајцата виделе човек со долга бела брада како се појавува помеѓу дрвјата. Тој избезумено трчал, притискајќи ја со рацете крвавата рана на стомакот. Човекот дотрчал до императорот и паднал во несвест токму пред него, стенкајќи од болка. Кога му ја одстраниле облеката, императорот и испосникот виделе дека човекот има длабок убод. Императорот му ја исчистил раната и потоа му ја преврзал со својата кошула, но за неколку минути кошулата била целата истопена со крв. Тој ја исплакнал кошулата, му ја преврзал раната по втор пат и продолжил да го прави тоа се додека крвта не сопрела.
На крај, на ранетиот човек му се повратила свеста и тој побарал чаша вода. Императорот истрчал до потокот и му донел грне свежа вода. Во меѓувреме, сонцето веќе си заминало и ноќниот воздух почнувал да станува ладен. Испосникот му помогнал на императорот да го внесат ранениот човек во колибата, кадец тие го легнале на креветот на испосникот. Императорот бил исцрпен од долгиот ден кој го поминал качувајќи ја планината и копајќи ја градината. Навален на прагот, тој заспал. Кога се разбудил сонцето веќе било изгреано над планината. За момент, тој заборавил каде е и зошто дошол тука. Тој погледнал накај креветот и го видел ранетиот човек како збунето гледа наоколу. Кога го видел императорот, тој го сконцентрирал својот поглед на него, тивко шепотејќи:
„Ве молам простете ми“.
„Но што си направил за да ти простам?“- прашал императорот.
„ Вие не ме познавате Ваше височество, но јас Ве познавам. Јас бев Ваш заколнат непријател и имав дадено завет дека ќе Ви се осветам,, бидејќи за време на последната војна Вие го убивте мојот брат и го запланивте мојот имот. Кога разбрав дека сам доаѓате на планината за да се сретнете со испосникот, решив да Ве пресретнам и кога ќе се враќате да Ве убијам. Бидејќи чекав долго време, а од Вас немаше никаков знак, јас решив да ја напуштам мојата заседа и да Ве пресретнам. Но наместо да Ве сретнам вас, јас ги сретнав Вашите чувари кои ме препознаа и ме ранија. За среќа, јас избегав и дотрчав тука. Ако не Ве сретнев Вас, сигурно ќе бев мртов досега. Јас имав намера да Ве убијам, но Вие ми го спасивте животот. Јас се срамам и Ви благодарам толку многу што не можам тоа да го искажам со зборови. Ако останам жив, ќе се заколнам дека ќе Ви бидам слуга до крајот на животот и ќе им заповедам на моите деца и внуци да го направат истото. Ве молам да ми простите.“
Императорот бил среќен што толку лесно се смирил со бившиот непријател. Тој не само што му опростил на човекот, туку и му ветил дека ќе му го врати имотот и дека ќе ги прати неговите лекари и слуги да внимаваат на него се додека тој целосно не заздрави. Откако им наредил на чуварите да го испратат човекот дома, императорот се вратил кај испосникот. Пред да се врати во палатата, императорот сакал да ги повтори трите прашања за последен пат. Тој го нашол испосникот како сади семиња во земјата која тие ја ископаа претходниот ден. Мудрецот се исправил и го погледнал императорот.
„Но твоите прашања се веќе одговорени!“
„ Како е можно тоа?“ – го запрашал императорот збунет.
„ Вчера ако не се сожалеше на моите години и ако не ми помогнеше во копањето, ти ќе беше нападнат од тој човек додека се враќаше назад. Тогаш длабоко ќе жалеше што не остана со мене. Затоа, најважното време беше она додека копаше, најважниот човек бев јас, а најважната работа беше да ми помогнеш. Подоцна кога ранетиот човек дојде овде, најважното време беше времето кое го помина преврзувајќи ја неговата рана, бидејќи ако не се грижеше за него тој ќе умреше и ти неможеше да се смириш со него. Слично, тој беше најважната личност, а најважната работа беше да се грижиш за неговата рана.
Запомни - " Има само едно важно време, а тоа е сега. Сегашниот момент е единственото време врз кое имаме доминација. Најважните луѓе се секогаш луѓето кои се со тебе, кои се околу тебе, бидејќи кој знае со кого ќе бидеш во иднина? Најважната работа е да ги направиш луѓето кои се околу тебе среќни, бидејќи единствено тоа е целта на животот.“
© Copyright 1999, 2010 www.inter.rs, Agencija za internet i marketing Specihost Networks - web dizajn i programiranje, web hosting provajder
contact: office [na] inter.rs | Ovaj sajt je hostovan na serverima Specihost Networks i Verat Net. | Privacy policy, Polisa o privatnostiLogo meda: Jpergrafando.it
Rating Association |
SafeSurf Rated Site |
belih sajtova |