Meditacija, joga i istocnjacke vestine u sluzbi zdravlja Životni stil

Музиката и нејзината моќ

Во својата книга „Медитација – човековото совршенство во Божјото задоволство“ Шри Чинмој многу убаво го има доловено влијанието на музиката на нашите чувства, нејзината моќ кон нашето битие. Тој вели:

„Музиката е внатрешниот или универзален јазик на Бог. Јас не зборувам француски, германски ниту италијански, но ако се изведува музика од некоја од овие земји, срцето на музиката веднаш влегува во моето срце или моето срце влегува во музиката. Тогаш никаква надворешна комуникација не е потребна, внатрешната комуникација на срцето е доволна. Моето срце зборува со срцето на музиката и во нашата поврзаност ние стануваме неразделно едно.

http://img98.imageshack.us/img98/3732/chinb.th.jpg

Медитацијата и музиката не можат да се одвојат. Кога плачеме од најголемите длабочини на нашето срце за мир, за светлината и за блаженство, тоа е надобриот начин на медитација. Веднаш до медитацијата е музиката, душевната музика која ја придвижува и издига нашата тежнеечка свест.

Кога душевно свириме музика, ние одиме високо, повисоко, највисоко. Добиваме инспирација и блаженство. За миг музиката може да ја издигне нашата свест.

Секој духовен музичар свесно ја шири Божјата светлина на земјата. Бог е космичкиот музичар, вечниот музичар и ние сме негови инструменти. Но доаѓа време во процесот на нашата еволуција кога чувствуваме дека наполно сме станале едно со него. Тогаш ние веќе не сме инструменти, ние самите сме музичари, Божествени музичари.

Да се обидеме да ја разбереме музиката со нашиот ум. Едноставно и спонтано да и дозволиме на птицата на музиката да лета на небото на нашето срце. Додека лета, таа безусловно ќе ни открие што има и што е . Тоа што таа го има е пораката на Бесмртноста.“ – Шри Чинмој

Всушност душевната музика е производ на светлината која е душа на се. Доколку успееме длабоко да допреме до неа,постојано ќе чувствуваме како таа свири и пее во нас. Ќе има длабока моќ која допира длабоко до нашата свест и го исполнува нашето тежнение.

Понатаму Шри Чинмој во својата книга вели:

„Божествената музика веднаш ја издига нашата свест, додека небожествената музика веднаш ја спушта нашата свест и се обидува да го уништи нашиот искрен внатрешен плач за подобар духовен живот. Виталната музика ја спушта нашата свест надоле. За неколку моменти или часа добиваме некој вид задоволство, но ова задоволство не води во пониска витална свест каде што царува искушението. Од светот на искушението влегуваме во светот на фрустрациите, а од светот на фрустрацијата влегуваме во светот на уништувањето...“

Извадок од книгата „Медитација – човековото совршенство во Божјото задоволство“ – Шри Чинмој

„ Музиката е Божјиот сон. Ние не мора да знаеме како изгледа таа или што прави. Нејзиното постоење не одржува во живот.“ - Шри Чинмој

niko650

Moderator

Медитација и лекување со медитација

Времето кое минува е ланец, а животот е една алка, дел од тој ланец.

Како што времето тече, минува, така и животот покрај него тече и минува. Ние како единка сме нивна сенка која непрестано ги прати.

Но не сите движиме со иста енергија. Во зависност од нашите чекори се одвива и текот на нашиот живот. Придвижувањето на позитивна здрава енергија во нашето тело е основа за здрав исполнет живот, како и за исцелување и подмладување на нашиот организам.

Но нашите мисли се многу битен елемент во овој процес, во ова придвижување на енергијата. Значи, нашите мисли се клуч на нашата младост и здравје. Тие можат да уништуваат, но и да бидат најголеми градители и исцелители на нашиот организам.

Честопати имаме можност да ја сретнеме следната мудра изрека:

„ Она што можеш да го направиш денес, не го оставај за утре“ или „Она што сте планирале да го направите утре, направете го денес“.

Во која група би се пронашле? Во онаа која знае секој момент правилно и рационално да го искористи времето, или пак во онаа која повеќето од заостанатите работи ги одложува за утре?

Свами Шивананда Сарасвати вели:

„Како да се научиме да се ускладиме со интелегенцијата на телото? Адекватно да одговориме на потребите на своето битие. Како да го достигнеме својот мир, да се чувствуваме опуштено, да почувствуваме мир, да бидеме будни, весели и секако свои? Да внесеме рамнотежа во нашиот живот, а преку тоа да допринесеме за своето физичко, ментално и духовно здравје?“

Секој од нас во своите мисли копнее да ја почувствува убавината која не опкружува. Да ја слушне прекрасната мелодија на животот. Но, не секој успева во тоа.

Многумина од нас наместо хармонија во својот живот, внесува хаос, го надвладуваат негативни мисли, негатвни чувства и полека, наместо да напредува во животот, тој почнува да тоне, негледајќи излез од состојбата во која се наоѓа.

Но, во нашето опкружување, секојдневно гледаме и луѓе кои се постојано во акција, придвижени, кои со леснотија ги извршуваат и постигнуваат сите цели кои ги имаат поставено пред себе, полни со позитивна енергија.

Кој е начинот и кој е патот по кој движат овие луѓе?

Еден од начините и методите на доведување на баланс на сопствената енергија во нашиот организам е пристапување кон медитација.

Што всушност е медитација?

Медитацијата е божји дар, кој го доведува во хармонија нашиот внатрешен и надворешен живот. Таа допринесува за стишување на умот, негово разбистрување, мир и исцелување на оние делови каде се јавуваат потешкотии и постои конфузна состојба.

Таа ни овозможува поширок поглед на нештата. Преку неа навлегуваме подлабоко во самите себе и сосема поинаку ќе почнеме да го разгледуваме нашето опкружување, како и луѓето кои се присатни во нашиот живот.

Преку медитацијата и стишувањето на сопствениот ум ни се оовозможува внимателно да ја ослушнуваме околината, нашите соговорници, да прифаќаме или пак одбиваме одредени работи.

Всушност тоа не доведува до состојба на рамнотежа, а преку тоа и до сопствена реализација. При тоа, многу е битно да ја согледаме разликата помеѓу она каки сме во моментот и она какви сакаме да бидеме.

Еден од првите, а можеби и токму првиот чекор на ова наше медитативно патување е да се прифатиме себеси токму онакви какви сме во моментов. Да се засакаме себеси, да си пружиме љубов на самите себеси, а при тоа да не почувствуваме никаков страв и да немаме никакви предрасуди, кои се всушност основна кочница на патот на нашата самореализација. Да пристапиме кон комуникација со своето совршено „јас“.

Секогаш кога размислуваме за она што не опкружува, за сите збиднувања кои се одвиваат околу нас, пред се за оние негативните, размислуваме во насока дека тоа нешто треба да се промени, а никогаш не помислуваме дека промената всушност треба да настапи во нас. Токму ние сме тие кои треба да се менуваме, а преку нашата промена ќе настапи и промена на нештата во нашето опкружување.

Медитацијата е таа која може да ни помогне во сето тоа. Таа прави да се чувствуваме поопуштено, не прави помирољубиви кон себе и кон луѓето со кои постојан доаѓаме во контакт. Преку медитацијата ја развиваме љубовта, а познато ни е дека љубовта го отвара и срцето.

Кацуџо Ниши во својата книга „Прочистување на душата“ вели:

„Човекот е една целина, нераскинливо поврзана со светот што не опкружува и со вселената“.

Системот на Ниши ни помага да формираме три навики неопходни за достигнување на среќата. Прва е навиката да се биде постојано здрав. Втора е навиката на непрекинат развој, а трета е навиката непрекинато да се учи.

Ние сме тие што го избираме патот по кој чекориме. Но тука големо влијание и значење има волјата и упорноста која ја поседуваме или не ја поседуваме, како и моралната подршка кој ја добиваме или не ја добиваме. Но, главни и одговорни виновници за се што ни се случува сме ние самите. Ние сме тие кои ги осмислуваме и реализираме целите и ги поставуваме пред себе и зачекоруваме кон нивна реализација. Никој од страна нема да дојде и да ни ги реализира.

Затоа, доколку правилно ја разбереме медитацијата и го согледаме благодетот кој таа ни го дарува, ќе го направиме својот живо посреќен и поисполнет. Ќе се приближиме до законите на природата и ќе навлеземе во тајните на нашиот ум и организам.

Медiтацијата ни нуди да поставуваме прашања, на кој начин да ги поставуваме истите и секако како да дојдеме до одговор на тие прашања.

Зошто е потребно сево ова?

Низ нашиот мозок во текот на денот минуваат мал милион прашања и проблеми. Тој е преоптеретен, а понекогаш и преблокиран со хаотични мисли кои ја намалуват концентрацијата. При тоа го губиме мирот кои ни е и те како потребен за нормално функционирање.

Но како всушност да дојдеме до тој сопствен мир и да ја пронајдеме тишината во која се складирани одговорите кои постојано ги бараме. Како да ги пронајдеме и да ги пратиме патоказите кои ќе не доведат до самореализација и исполнување. Одговорот е секако – со медитација.

Можеби многумина медитацијата ја сметаат за бегство од реалноста, од реалните збиднувања, бегство во еден нереален свет. Напротив, прекu медитацијата ние не бегаме од реалноста, туку понираме длабоко во себе, во својата внатрешност, каде можеме да ги најдеме сите тие одговори по кои постојано трагаме и ни се чинат далечни и нерешливи.

Преку медитацијата ние навлегуваме во состојба на пасивно набљудување, каде преку спојувањето на внатрешниот со надворешниот свет доаѓаме до просветлување, кое не доведува до идејните решенија за подобар и посреќен живот.

Медитацијата, освен што не доведува до просветлување, таа го исцелува нашиот организам и помага во негово оздравување.

Да се доведеме до просветлување, да даваме љубов на себе и на сите околу нас, дарува чувство со огромна енергија, а познато ни е дека без животна енергија нема живот.

Кацуџо Ниши вели:

„Да научиме да медитираме, да ја оствариме енергијата на животот, да станеме самите енергија“.

Користена литература:

„Прочистување на душата“ – Кацуџо Ниши
„Лекување со медитација“ – Дариел Хол
„Развој на интуицијата“ – Свами Кријананда

http://www.odlican.com/d/5845-5/galeba_jeka.JPG
www.odlican.com/liliana

niko650

Moderator